ПОЕТ ОД ВИЕТНАМ И ПОЕТ ОД САУДИСКА АРАБИЈА ГОДИНАШНИ НОСИТЕЛИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА НАГРАДА „АЦО КАРАМАНОВ„

ПОЕТ ОД ВИЕТНАМ И ПОЕТ ОД САУДИСКА АРАБИЈА ГОДИНАШНИ НОСИТЕЛИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА НАГРАДА „АЦО КАРАМАНОВ„

(Radovis News – Прв Online медиум во Радовиш)

 

 

Poet Aco Karamanov (1927 - 1944)

 

 

 

 

Виетнамскиот поет Мај Ван Фан од Виетнам и арапскиот поет Раед Анис Ал-Јиши од Саудиска Арабија годинашни носители на интернационалната награда „АЦО КАРАМАНОВ„ на 47 Караманови поетски средби.

 

Меѓународната поетска манифестација „Караманови средби на поезијата„ и Центар за култура Ацо Карамнов од Радовиш, по втор пат оваа година ја доделуваат интернационалната награда „АЦО КАРАМАНОВ„ за врвни поетски дострели во сферата на поетското творештво, но за прв пат ќе објави книга со избор поезија од наградени автори коишто важат за врвни автори во светски рамки. Минатата година оваа награда ја доби големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон.

 

По предлог на селекторот за оваа награда – познатиот македонски поет Борче Панов, Управниот одбор на „Караманови средби на поезијата„ помеѓу триесетината автори од цел свет, коишто ќе бидат застапени во антологијата на „Карамановите средби на поезијата„ кои оваа година бележат 53 години од своето постоење, одлучи носители на оваа престижна интернационална петска награда за 2020 г. да бидат познатиот виетнамски поет Мај Ван Фан и еминентниот  арапски поет Раед Анис Ал-Јиши од Саудиска Арабија.

 

Мај Ван Фан негува еден специфицен лирски израз којшто е длабоко вкоренет со виетнамската духовна традиција. Неговиот поетски израз е во совршена хармонија на поистоветувањето со природата и неговиот ненаметлив тивок пев којшто нè преплавува со контемплативниот филозофски дискур и изненадува со едноставното што одеднаш станува раскошно пресликување на стварноста како во стихот: „Еруптирајќи еден цвет отвора огромни пространства земја„.

 

Од друга страна арапскиот поет Раед Анис Ал-Јиши шокира со жестокоста на својот  модерен израз, кој во жижата на својот пев ги изразува сите изми на современиот отуѓен човек за кој задоволствто и тегобноста се двете лица на поетот кој како арлекин жонглира со своите апсурди. За него нема тема која во која не се изразува атмосферата на апсурдот во кој ни животот ни смртта не си се повеќе доволни еден на друг. Сепак, тој не би бил голем поет кога, аспотрофирајќи ја совјата дребност не би бил свесен дека е ништо но и сè, бидејќи само големите и достојните му припаѓаат на слободниот збор.

 

Дел од творештво на овие двајца емиенентни поети „Караманови средби на поезијата„  ќе се објави како прва книга во библиотеката „Шестокрилеста птица„  од едицијата „Караманов„, која постои веќе 25 години.

 

Изборите поезија во оваа заедничка книга на наградените поети ќе ги носат нсловите: МАЈ ВАН ДАН – „НОВОГОДИШНО КАПЕЊЕ„ И  РАЕД АНИС АЛ-ЈИШИ „ЗАЧУДЕН БАРУТ„. Составувачи и уредници на оваа книга се  писателите Борче Панов и Даниела Андоновска Трајковска, која, воедно, ги препеа изборите од англиски на македонски јазик.

 

Согласно новите програмски интенции на Карамановите поетски средби, интернационалната книжевната награда „Ацо Караманов„, преставува нова светла точка на низ круговите на светските поетски меридијани, којашто преставува нова алка за поврзување на Македонија со културите и книжевните токови во светот со цел ликот и делото на Ацо Караманов да го добијат своето заслуженио место во светот, како и да поттикнат поинтезивна книжевна афирмација и соработка на македонските писатели   и меѓусебна книжевна соработка и афирмација.

 

Maj Ван Фан (Mai Văn Phấn) е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални и интернационални книжевни награди, вклучувајќи ја и наградата од Друштвото на писатели на Виетнам во 2010 год., Книжевната награда Cikada во Шведска во 2017, награда од Српската академија на науките и уметностите во 2019, Нагрaдата од здружението на преведувачи од Црна Гора во 2020. Има објавено 16 книги поезија, една книга со критики и есеи и 21 книги кои се објавени во странство. Поезијата на Мај Ван Фан е преведена на 33 јазици.

 

 

 

Раед Анис Ал-Јиши (Raed Anis Al-JISHI) (поет, преведувач од Катиф, Саудиска Арабија) е дописен соработник на Универзитетот во Ајова, САД (Iowa university-USA), член на одборот за планирање на наставата за образование на наставаници на националниот Шангајски универзитет за образование – Тајван. Toj  има пет негови книги преведени на други јазици, а има објавено една новела, како и 9 поетски книги на арапски јазик од кои последната е преведена на француски, и една книга објавена на англиски („Bleeding Gull: Look, Feel, Fly“), а е преведена на српски, виетнамски и италијански (во Италија има добиено повеќе награди за најдобро преведена книга). Неговата поезија е преведена и објавена на многу светски јазици.

 

 

 

Source: Radovis News

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

BÀI KHÁC
1 2 3 

image advertisement
image advertisement
image advertisement




























Thiết kế bởi VNPT | Quản trị